Лидер на производствена линија - Стакло
Full-time AssociateJob Overview
Обезбедува стабилно, безбедно и ефикасно работење на една производствена линија за производство на стаклени шприцеви во текот на 12-часовна смена, преку координација на операторите, навремена реакција на аларми и отстапувања и остварување на дефинираните KPI индикатори во однос на продуктивност, квалитет и застои.
Одговорности:
Раководи и надгледува една доделена SIN или RTF производствена линија за време на смена
Координира и организира работа на до 5 оператори на линијата
Ги следи процесните параметри и перформансите на машините
Навремено реагира на аларми, отстапувања и непланирани застои
Врши основно (прво ниво) отстранување на дефекти и иницира корективни мерки
Обезбедува исполнување на целите за продуктивност, квалитет и отпад во рамки на смената
Ги следи и подобрува KPI индикаторите како OEE, застои, процент на отпад и продуктивност
Обезбедува усогласеност со барањата за безбедност, квалитет и GMP стандарди
Се грижи за соодветна обученост, знаење и вештини на операторите за секојдневните активности
Ескалира технички или квалитативни проблеми до процесно или одржување кога е потребно
Обезбедува правилна промена на серии (changeover), стартување и рестартирање на линијата
Се грижи за правилно пополнување на производствената документација
Подготвува и предава комплетен извештај на крајот од смената
Обезбедува јасна и точна комуникација при примопредавање на смената
Make Your Resume Now