Оператор на автоматизирана производна линија - Стакло
Full-time InternshipJob Overview
Како Оператор на автоматизирана производна линија, ќе бидете одговорни за безбедно и ефикасно работење и следење на производната линија за производство на фармацевтски стаклени шприцови.
Ова е техничка производна позиција која бара разбирање на работата на машините, следење на производниот процес, препознавање на аларми и отстапувања и навремена реакција при појава на проблеми.
Ќе работите со современа автоматизирана опрема во контролирана производна средина, со јасно дефинирани процедури и стандарди за квалитет.
Ваши одговорности
- Следење и управување со автоматизирана производна линија во текот на производниот процес
- Следење на работата на машините и проверка на зададените производни параметри
- Следење и правилно реагирање на аларми и отстапувања
- Идентификување на причините за застои, дефекти и неправилности во процесот
- Преземање на соодветни активности за отстранување на едноставни процесни проблеми согласно процедурите
- Навремено известување и ескалација до машински лидер / супервизор / Процес/ Одржување кога проблемот не може самостојно да се реши
- Следење на квалитетот на производот во текот на производството
- Извршување на инспекции и контроли согласно производствената документација и спецификациите
- Водење точна и навремена производна документација, записи и дневници согласно GMP стандардите
- Следење на правилата за безбедност, квалитет и хигиена во производната средина
- Пренесување на релевантните информации на следната смена
- Активно учество во решавање на проблеми и подобрување на производниот процес
Make Your Resume Now