Агент во контакт центар
Full-timeJob Overview
ПРИДРУЖИ НИ СЕ ВО МЕЛОН СОЛУШНС!
Агент во контакт центар
(реф. бр. 112025-022)
Дали си комуникативна личност која знае да води разговор, да преговара и да постигнува резултати?
Кај нас ќе работиш во динамична средина каде што секој повик е нова можност да покажеш професионализам и сигурност.
Што ќе работиш?
- Ќе стапуваш во контакт со клиенти на финансиски институции со цел успешно решавање на обврски и навремена наплата;
- Ќе учествуваш во различни кампањи и ќе даваш брзи, јасни и точни информации;
- Ќе се грижиш секој клиент да добие коректен и професионален третман;
- Ќе ги евидентираш резултатите од повиците во дигитална платформа;
- Ќе ги следиш процедурите, но и ќе придонесуваш за подобрување на процесите.
Кого бараме?
Личност која:
- Има завршено најмалку средно образование;
- Се снаоѓа со компјутер и MS Office;
- Има одлична дикција, сигурен настап и комуникација која гради доверба;
- Е упорна, фокусирана и не се плаши од работа со јасни цели;
- Има искуство во наплата на долгови, продажба или грижа за корисници – тоа е голем бонус;
- Познава англиски и/или албански јазик – уште поголем плус.
Што добиваш?
- Работа во тим што ја вреднува твојата иницијатива и труд;
- Можност да учиш, напредуваш и да се развиваш професионално;
- Мотивирачка атмосфера и поддршка од искусен тим.
Мелон Солушнс Дооел е дел од Mellon Group, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.
Make Your Resume Now